Работно време: Пон-Пет 7:00 - 18:00

ЗА НАС

ЗА НАС


ИСИЈА

Понуда на квалитетни производи и услуги во областа на одржување на електричната мрежа и грижа за јавното осветлувањe како движечка сила за развој на нашата компанија.

ОЧЕТОЦИТЕ

Желбата да понудиме квалитет, сигурност и издржливост, од идеја помина во реализација во 1999 година со тројца вработени, но водени од идејата да бидеме брзи, исполнителни и квалитетни.

ЕРТИФИКАТИ

Лиценца за производство на бетонски и дрвени бандери, Лиценца Б, четири атести за бетонски столбови, издадени од Техничкиот институт на Универзитетот Св. Кирил и Методиј, како и SHCUP стандардот ISO 9001:2008.

Фати транс АГ

Единствени во Македонија со лиценца за производство на бетонски и дрвени бандери.

Фати бетон

Производство и продажба на сите типови и видови на готов бетон.

Електро фати

Синоним за електрична безбедност со квалитетни производи и услуги.

Очигледната потреба на пазарот за компанија која нуди квалитетни производи и услуги во областа на одржувањето на електричната мрежа и се грижи за јавното осветлувањe, беше главната движечка сила за развој на нашата компанија.

Желбата да понудиме квалитет, сигурност и издржливост, од идеја помина во реализација во 1999 година, кога во село Палатица беа поставени темелите на ФАТИ ТРАНС.

Почнавме да работиме со тројца вработени, но водени од идејата да бидеме брзи, исполнителни и квалитетни, постојано вложувавме во развојот и денес тимот брои 42 работници, обучени да се справат со сите предизвици во нашето поле на активности.

Првата приватна компанија во Република Македонија специјализирана за производство на центрифугални бетонски столбови за ниско напонски и високо напонски линии,трафостаници,столбови за телекомуникациски базни станици,и телефонски и кабловски линии.

Произведуваме секој вид на центрифугални бетонски столбови од 8м до 16м со висококвалитетна нова технологија, столбовите се атестирани од “Заводот за испитување на градежни материјали”, доказ за нашиот квалитет е дека сме познати на надворешниот пазар во земји како Црна Гора,Косово и Албанија...

Нашата компанија со својот специјализиран тим нуди и услуги за:
  • Транспорт и монтажа на столбовите низ целата држава
  • Проектирање и изведба на столбна трафостаница
  • Проектирање и изведба на надземни ниско напонски и високо напонски линии (далеководи)
  • Проектирање и изведба на подземни водови
  • Реставрирање на постоечки трафостаници (столбни,решеткасни и зидани)
  • Интервенција и санирање на дефекти (трафостаница и линија)

За квалитетите на нашите производи и услуги сведочи добиената Лиценца Б, четирите атести за бетонските столбови, издадени од Техничкиот институт на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, како и SHCUP стандардот ISO 9001 : 2008.

КОНТАКТИРАЈТЕ НЀ

Дозволете ни да одговориме на сите ваши потреби.

ЈАВЕТЕ СЕ

Ние ќе дадеме одговор на секое ваше прашање.

ПОРТФОЛИО